За Мосад нема крај на светот: Агенти среде Софија ликвидираа Палестинец од “НФОП”


Омар Наиф Зајед, лидер на групата “Народен фронт за ослободување на Палестина” (НФОП), е убиен во Софија од агенти на Мосад, тврди “Палестинскиот информативен центар”, кој е организација на Хамас, цитиран од newsru.co.il.

Телото на Омар Наиф Хасан Зајед беше пронајдено утрово во дворот на амбасадата на Палестина во Софија. Дипломатски претставник од Амбасадата на Државата Палестина во Бугарија пријавил до бугарските органи за починато лице како резултат на насилство0000294343-article-156x200

Според првичните информации, на телото на Омар Зајед нема прострелни рани и тој најверојатно починал по пад од висок кат.

Според податоците на Палестинскиот информативен центар Омар Зајед продолжил да ги координира активностите на активистите на “Народниот фронт за ослободување на Палестина”, вклучувајќи и во странство, додека и живеел во Бугарија.
Брисел: Одлуката за погранична служба на ЕУ е одложена за јули

Во средината на декември минатата година на бугарските власти им било испорачано барање од Израел да се предаде Омар Наиф Хасан Зајед, за доизлежување на “доживотен затвор”. Зајед сепак не бил откриен од бугарските органи.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1