Според тврдењето на туристичките власти во Грција најмногу пари во 2012 и 2013 им оставиле Македонците.
Македонските туристи во Грција потрошиле ни повеќе ни помалку туку 550 милиони евра!!!!
„Граѓаните на ФИРОМ од почетокот на 2012 година, во Грција вкупно потрошиле 550.000.000 евра и со тоа се најдобри туристи трошачи за таа година“
„Грчката туристичка федерација“ , која сумирала колку пари се слеале во туристичката каса годинава, заклучила дека најголеми ,,трошачи,, на плажите во туристичките места во Грција биле токму Македонците. Ги шиеме и Србите и Пољаците кои инаку во изминатите години беа најбројни туристи во Грција.
„Граѓаните на ФИРОМ од почетокот на 2012 година, во Грција вкупно потрошиле 550.000.000 евра и со тоа се најдобри туристи за оваа година“ , се вели во соопштението на„Грчката туристичка федерација.
Ќе ги опариме ли и годинава нашите јужни соседи??