За нашите и за Париз: Русите убија 600 терористи (ВИДЕО)


„На 20 ноември воените бродови од Касписката флота лансираа 18 ракети врз седум цели во провинциите Рака, Идлиб и Алепо. Сите цели беа успешно погодени“, рече тој.

Исламска држава претрпува огромни загуби како резултат на руската офанзива, рече Шојгу, додавајќи дека податоците на теренот покажува дека протекот на терористите што пристигнуваат во Сирија е намален, додека сè повеќе и повеќе милитанти бегаат од воената зона и се упатуваат на север и на југозапад.isis-russia-putin-iii

Во текот на изминатите четири дена руските воздушни сили спроведоа 522 мисии, фрлајќи повеќе од 100 крстосувачки ракети и 1.400 тони бомби од различни видови, рече министерот.

Тој додаде дека во напад со повеќе крстосувачки ракети во провинцијата Деир ез-Зор се убиени повеќе од 600 милитанти, пренесе Раша тудеј.

Шојгу истакна дека бројот на авионите што учествуваат во операцијата е двојно зголемен и сега се состои од 69 авиони што дневно вршат по 143 мисии.

Тој исто така додаде дека руската армија почнала да соработува со своите француски колеги, по наредба на претседателот Путин.

Министерството за одбрана објави видеоснимка на која се гледаат руски војници во воздухопловната база Кмеимим во Сирија како пишуваат „За нашиот народ“ и „За Париз“ на бомбите што подоцна ќе им ги фрлат на терористите.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа по телефон за потребата за заеднички напори во борбата против Исламска држава во Сирија. Тие разговараа и за потребата за разговори меѓу Дамаск и сириската опозиција, изјави рускиот министер за надворешни работи во соопштението.



MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1