За сопругата на нобеловецот Џорџ Акеролф, аналитичарите предвидуваат дека од следната година таа ќе се најде на чело на оваа монетарна суперсила, иако за нејзе тврдат дека е одличен економист и еден од главните креатори на актуелната економска политика на САД, но светската јавност за нејзе не знае скоро ништо.
На Бен Бернаки, директорот на Федералните резерви на САД, во јануари му истекува мандатот, а за негова наследничка аналитичарите типуваат на Џенет Јелен, која за гувернерка во 1994-тата година ја именуваше тогашниот претседател Бил Клинтон, а која од 2010-тата година се наоѓа на потпретседателското место на ова тело.
Една од причините за тоа е и отсуството на Бернаки на светскиот годишен банкарски совет, на кој со години бил главен говорник, а оваа година го замени токму Џенет Јелен.
Доколку Обама одлучи да ја постави на местото претседател на ФЕД, Џенет Jелен ќе биде најмоќната жена во светот, со оглед на тоа дека ова тело, според зборовите на познатиот светски економист Дејвид Бекворт, е „монетарната суперсила која ги крои трошоците на светските финансии“.
За Џенет Јелен аналитичарите тврдат дека е одличен економист, што и’ помогна да дојде на оваа позиција каде што е сега.
„Таа на важни состаноци доаѓа со внимателно смислени изјави, секогаш совршено точна, а тие кои работат за нејзе, велат дека на аеродром пристигнува и неколку часа порано“, пишува „Вол стрит журнал“.
По дипломирањето на Јеил во 1971 Јелен 5 години предавала на Харвард, а помеѓу 1976 и 1978 прв пат работела во сојузните резерви каде и се запознала со сопругот Акерлоф