За недај боже: Како да се однесувате во случај на терористички напад


 

Доколку ве затекне терористички напад, треба да донесете тешка одлука, да побегнете или да се преправате дека сте мртви. Ако ги слушате советите на британската канцеларија за тероризам „Nactso“ треба да побегнете во соба со дебели ѕидови.
Британците објавија водич за преживување на терористички напад, и тоа откако некои луѓе од салата „Bataclan“ преживеа токму поради тоа што се преправаа дека се мртви.pariz-drugi-dan-1447611625-784979-735x400

Ако се најдете на место на терористички напад, тука е она што, според мислењето на британците треба да го направите во таква ситуација:

1. Бегајте
Пронајдете ја најбезбедната насока за бегство. Убедете и други да дојдат со вас и не се враќајте по мобилен телефон или паричник.
2. Сокријте се
Ако не можете да бегате, сокријте се. Најдете најбезбедно засолниште зад дебели ѕидови. Запомнете, куршумите можат да пробијат стакло, дрво, цигли и метал. Обавезно исклучете го звонењето на вашиот мобилен телефон.
3. Јавете се во полиција
Веднаш штом ќе процените дека имате можност јавете се во полицијата, раскажете што се случува и дајте им што повеќе информации. Објаснете им каде се наоѓаат осомничените и како изгледаат. Кажете им колку луѓе се во моментот во зградата.

Полковникот на Федералната служба за безбедност во Русија, Виталиј Демидкин, вели дека секогаш треба да се исполнат сите барања на терористите, да се стават рацете зад главата или уште подобро да се легне.

– Ни под никакви услови немојте да ги провоцирате терористите, немојте да станувате, уште помалку немојте да трчате. Трудете се да не правите брзи потези, бидејќи тоа може да се смета за агресивно однесување. Ако се најдете во зграда која ја заземале, а која има систем на видео обезбедување, специјалците може да ве видат преку тие камери. Само треба да им сигнализирате дека сте заложник, а не помошник на терористите, вели полковник Демидкин.

Ако успеете да се извлечете од зградата, немојте да бегате. За специјалците кои ја опколиле зградата секој кој трча од зградата може да е терорист. Одете полека, мавтајте со шал или некој предмет кој ви е при рака. Дури кога ќе бидете сигурни дека ви даваат знак, почнете да трчате најбрзо што можете.

Ако дојде до бомбашки напад, никогаш не треба да одите кон местото каде што се случила експлозијата. Терористите обично поставуваат повеќе бомби.

Ако сте на отворено, да побарате некој бетонски ѕид зад кој би можело да се скриете. Сите оние кои може да пронајдат засолниште мора да останат таму во потполна тишина и да не заборават да го исклучат звукот на мобилните телефони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1