Прекрасните Меган и Исак од Сиднеј, Австралија својата љубов решија да ја овековечат изминатиот викенд со спектакуларна свадба во Охрид. Нивната љубовна приказна е мошне интересна, а одбележувањето беше како од бајките на локацијата која тие ја сметаат за рај на земјата.
За венчавката која се одржи во црквата Св. Јован Канео од Сиднеј допатуваастотина гости.
На црквената венчавка, невестата заедно со атрактивните деверуши пристигнаа со луксузен катамаран, пречекани од таткото наневестата. Качувајќи се нагоре по патеката кон црквата напред одеа три мали девојчиња и едно момче кои со фрлање на латици од рози го означуваа патотпо кој таткото и невестата стигнаа до олтарот.
Прекрасниот амбиент на црквата и спектакуларниот погледот кон езерото, ги надополнуваа прекрасните звуци на оркестар од виолини, кои изведуваа препознатливи мелодии.
По свечениот чин гостите заминаа на крстарење по охридското крајбрежје и пристигнаа директно на местото на веселбата.