Градот Скопје со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија го организираат традиционалниот дочек на Новата година, на плоштадот Македонија.
За највеселата ноќ граѓаните ќе се забавуваат со музиката на македонските и воедно интернационални ѕвезди Калиопи и Тијана, Мустафа Имери, младиот но реномиран музички уметник и интерпретатор на народни и забавни нумери, како и Роберт и Панки
Новогодишниот концерт ќе започне во 21.00 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинска кулминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.