За прв пат 2 невести на Галичка свадба – едниот зет е внукот на Сариевски


Во рамките на годинешното, 41. по ред, издание на традиционалната Галичка свадба за прв пат ќе се венчаат два пара. На 13 јули во брак ќе стапат внукот на еминентниот македонски изведувач на македонската народна музика од Галичник, Александар Сариевски, Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска

galickaЈас сум по потекло по мајка од Галичник, а моето момче Иван Сариевски по татко, односно дедо му е Александар Сариевски. Се познаваме веќе десет години, но официјално сме во врска две години. Живееме во Скопје, јас ја подготвувам магистерската теза на административно право, а Иван е музичар”, вели Ана Гареска, која додаде дека нејзините баба и дедо уште пред 40 години биле во организација на Галичката свадба.

Галичката невеста Маргарита Ивановска, пак, е Битолчанка, но како што вели, нејзиниот избраник е по потекло од Галичник и е долгогодишен учесник на манифестацијата.

Галичката свадба, која обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај, ќе се одржи на 12 и 13 јули и со овој настан ќе започне Галичкото лето 2014.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1