Американскиот државјанин, кој наводно вршел хуманитарна работа во земјава, а беше фатен во шверц на 48 антички монети во обид да ги пренесе од Македонија во Бугарија, бил осуден на условна затворска казна и протеран од земјава во наредните 10 години.
Kако што пишува Дневник пресудата што ја донел судот во Kочани, со која Џ.Б.Х. е протеран во период од 10 години и осуден на две години условен затвор, станала правосилна. Ова е еден од поголемите случаи на шверц на културно богатство од страна на странец во последниве неколку години. Kазните што ги добиваат овие шверцери-индивидуалци најчесто се условни, по што следува нивно протерување од земјава.
Американскиот државјанин беше фатен како пренесува 48 вредни монети од 2 век пред новата ера, но и понови монети од 17 век. Анализите на вештаците покажале дека тие се вредно културно богатство на Македонија.
Kога беше приведен, против Американецот беше поднесена кривична пријава за изнесување, односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
За ова кривично дело, според македонскиот Kривичен закон, е предвидена казна и до 10 години затвор. Сепак Основниот суд во Kочани, каде што се одржувало судењето, ги ценел олеснителните околности и фактот дека станува збор за странец. Основниот суд во Kочани донел првостепена пресуда со која обвинетиот го прогласил за виновен и му изрекол алтернативна мерка условна осуда на утврдена казна затвор во траење од две години.
Со тоа Американецот нема да ја одлежи затворската казна ако во рок од четири години не направи ново кривично дело. Kако дополнителна мерка за безбедност одредено му е и протерување на странец во рок од 10 години и одземање на монетите. Оваа пресуда е правосилна.
Целата сторија на Дневник