Додека сте минувале низ своите дваесетти години, сигурно неколку пати ви се случило да сте убедени дека сте го нашле вистинскиот човек. Дека тоа е тој! А на крајот големо разочарување. Но со преминувањето во нова декада работите се поинакви и потрагата за вистинска љубов добива една сосема нова димензија.
Меѓутоа постојат две основни грешки на љубовен план кои во новата деценија од својот живот никако не би смееле да ги направите.
Нема причина да ги избегнувате постарите мажи!
Во раните триесетти се уште ги паметите згодните и мускулести млади тела на младите момчиња во своите дваесетти години и сега ви е одбивна идејата да почнете да излегувате со не толку згоден маж, кој е во своите триесетии години и бавно навлегува во четириесетите години… но секоја доба носи свои предности, а верувајте дека зрелите мажи воопшто не се за фрлање. Тие имаат богато животно искуство, знаат што сакаат, ситуирани се, имаат самодоверба, стабилност и искуство во кревет.
Триесетите се новите дваесетти
Добро, можеби и не се, но вие сте сеуште доволно млади и способни да постигнете се што сакате. Не е касно за ништо. Затоа престанете да кукате и да се сожалувате ако работите не ви оделе како подмачкани и вашите соништа се уште не се реализирани.
Невозможно е целиот оној младалачки дух и вера во убавите работи да испариле од вас во оној момент кога сте стигнале до магичните триесетти години. Уживајте во животот!
Boza.mk