Балкан Енерџи Груп (БЕГ) отвори нов диспечерски центар, за цел да ги подобри услугите за граѓаните во делот на пријавување и отстранување на дефектите во мрежата за дистрибуција на топлина.
Новиот диспечерски центар, преку современ комјутерски систем ќе овозможи двонасочна комуникација со корисниците преку максимален број канали (телефонија, СМС и интернет). Тоа значи дека потрошувачот кој има рекламација која се однесува на квалитетот на услугата на БЕГ, може да се обрати до Диспечерскиот центар преку испраќање на звучна порака на телефон 02 3076200, преку СМС порака на 078207056 и 076350298 или преку интернет на www.beg-distribucija.com.mk.
Секој пријавен недостаток ќе биде одстранет во најкраток можен рок, а корисникот кој што го пријавил, на истиот начин како што ја доставил пријавата ќе биде и повратно информиран од диспечерскиот центар за статусот на рекламацијата, соопштува Балкан Енерџи Груп.