Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот секогаш се паѓа на ист датум во најсушниот и најтоплиот дел од годината, а многу е важно да знаете дека на овој ден не смеете да работите на поле, за да не привлечете гнев.
Исто така, се верува дека на денешен ден е добро да јадете мед за здравје. Некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.