Мапите изработени од Јанко Цветков од Бугарија покажуваат како светот гледа на Европа и на народите одделно. “Ја направив таа мапа за да се пошегувам со некои пријатели од Европа, а таа сосема случајно стана хит на интернет. Тогаш одлучив да направам уште мапи, а проектот и понатаму се развива“, вели Цветков за српскиот весник “Блиц“.