Утре на лидерска средба во Собранието ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинителство , дознава Канал 5.
Од Канал 5 пренесуваат дека за утре во 20 часот е закажана лидерската средба која ќе се одржи во Собранието, а своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното обвинителство.
Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.