Започна поднесувањето на документи за запишување на првачињата. Од оваа година има новини во документацијата која родителите мора да ја имаат за да го запишат првачето
– Извод од Матичната книга на родените, потврда за редовно примени вакцини и потврда од стоматолог се документите што се потребни.
Родителите се зачудени од барањето за потврда од забар, а некои од нив кои се обратија до нашата редакција се сомневаат дека на овој начин школските забари си ги пријавуваат децата како да им се матични и си земаат пари од фондот.
,, Ми побараа потврда од забар – не прашав од кој и земав потврда од забарот, приватен кој ги следи запчињата на моето дете од почетокот, но ми рекоа дека не било валидно и морало потврда и преглед кај школскиот забар. Зошто? кога тој забар никогаш не го следел моето дете, зошто да мора потврда токму од тој забар? Напиша Радмила која ќе го запишува своето синче во прво одделение.
,,Најверојатно веднаш ќе си ги пријават децата како свои пациенти со што ќе си добијат бенефиции од фондот, се е тоа во ред но нека не не прават будали дека морало од школскиот забар потврда – зошто ги омаловажуваат останантите стоматолози? прашува Благоја Ристевски чии син исто така е првооделенец оваа година.
Првачињата ќе мора да одат на училиште и во општината каде се заведени дека живеат. Доколку родителите сакаат да ги запишат во општина каде пример имаат роднини кои би можеле да ги земаат децата од училиште ќе мора да чекаат доколку остане место отакако ќе се запишат дечиња од таа општина.
Бидејќи за уписите на првачињата важи реонизацијата, општините утврдуваат кои улици припаѓаат во реонот на секое училиште, па точно е утврдено кое дете каде треба да се запише. Исклучоци има само во ситуации кога во училиштето има слободни места, откако ќе се запишат децата од тој реон.
Но, во овој случај Општината нема обврска да го плаќа превозот за учениците што живеат на оддалеченост поголема од 2,5 километра. На родителите што живеат под кирија им се бара документ со кој ќе потврдат дека живеат на таа адреса, како на пример договорот за закуп заверен на нотар.
Од септември во училишните клупи ќе седнат децата родени во цела 2007 година до 31 јануари 2008 година, односно со навршени пет години и осум месеци, како што налага законот.