Љубица Абичиќ (97) е најстарата жена во селото Шаптиновци во Хрватска, а интересно е што и покрај својата возраст таа се уште добро се држи па дури успева да испече добра ракија, пренесува порталот „Глас Славоније“…
Уште како дете, таа научила да пече ракија од своите родители од кои наследила и стогодишен казан и пече ракија скоро секоја година.
Со оглед на тоа што нема сила да собира сливи, таа работа ја завршува нејзиниот внук Бранко. Тој ги става сливите во дрвена каца и ќе го постави котелот, а потоа неговата баба ја презема работата.
– Ќе ги истресам сливите во котелот, го затворам и ќе го наложам оганот. Некогаш се печела слаба ракија од 13 степени. Со неа селаните на полето си ја гаснеле жедта. Денес се пече ракија од 20 степени и таа е најдобра, но е лута. Најпивлива е онаа од 18 степени. Квалитетната ракија несмее силно да го жари грлото и несмее да има јак мирис – раскажува баба Љубица за порталот.
Таа отпрвин печела ракија од шеќер, па од репка и пченка, а подоцна од ореви, грозје, јаболки, крушки и сливи.
– Ракијата е добра за здравје но и за добро расположение. Добра е и за отворање апетит – искоментирала Љубица и додала дека отсекогаш пиела ракија, но никогаш не се опила.