Забар сопственик на клиники е убиецот кој уби 17 лица во Канада


Уште од средно училиште, Габриел Вортман (51), стоматолог со повеќе сопствени клиники во Нова Шкотска, бил опседнат со полициско работење, полициски „сувенири“ и фалење со своето хоби – обновување на стари полициски автомобили.

Стоматологот почина во изминатата ноќ во престрелка со полицијата, откако усмрти 17 жртви на повеќе локации низ покраината Нова Шкотска. Ова е најголемото масовно пукање во историјата на Канада.

Вортман бил облечен во полициска униформа и употребил полициски автомобил. Канадските медиуми објавија дека напаѓачот прво ја убил својата поранешна сопруга и нејзиниот партнер, а потоа продолжил серија убиства.

„Фактот дека оваа личност имала униформа и полициско возило на располагање, секако зборува за тоа да не е случаен чин“, вели Крис Лидер, шеф на криминалниот оддел во Нова Шкотска.

Тој е застрелан денеска од полицијата откако усмрти 17 лица на повеќе локации во провинцијата Нова Шкотска, а нападот траел цели 12 часа.

Вортман бил сопственик на Клиниката за стоматологија во Дартмут. За него се пишувало во медиумите во јули 2014 година, откако подарил серија протези на жена која го победила ракот, но ги изгубила забите како резултат на лековите што ги земала.

„Моето срце мораше да и помогне, има толку многу начини на кои луѓето може да добијат протези, но се чини дека луѓето на кои навистина им требаат, се луѓето што оставаат зад себе“, изјавил стоматологот за CTV News тоа лето.

Соседите изјавиле за „Глобус“ и „Мејл“ дека Вортман бил познат по проблемите кои ги имал од претераното консумирање алкохол и дека неговиот бизнис бил затворен од пандемијата COVID-19. Нова Шкотска нареди затворање на сите стоматолошките клиники, освен за итни процедури, во средината на март.

Извештаите покажале дека Габриел поседува два големи имоти на патот Портапик Бич, каде започнал масакрот. Провинцијата Портапик е на околу 120 километри северно од Халифакс.

Нејтан Стејплс, кој живее надвор од блиската провинција изјавил дека Вортман бил опседнат со полицијата и дека неговиот дом во Портапик е „светилник“ за „полициски сувенири“.

Пред неколку месеци, Габриел отишол во куќата на Нејтан Стејплс, прашувајќи дали ќе му го продаде користениот полициски автомобил што бил паркиран во предниот тревник од двотот.

„Тој беше еден од оние откачени момци, тој навистина беше опседнат со полицијата“, истакнал Стејплс.

Били Свиминер, познаник на Вортман напишал на Фејсбук дека стоматолот му направил протези во јануари и зборувал за неговото хоби, купување стари полициски автомобили на аукции.

„Тој ми покажа слики од полицискиот автомбилот што го купил – Изгледа идентично како полициските возила, а има и таква униформа!“

Блеиз Џонс, кој бил на стоматолошки преглед кај Вортман, кој работел на неговите нови протези во февруари, сподели слична објава: „Се сеќавам дека Габриел рече дека купил стари полициски возила од аукција и ги поправа“, додавајќи: „Тој имаше две возила кога минатиот месец отидов во Халифакс за да ги земам моите нови протези“.

За полицијата се уште е непознато дали убиецот Вортман има криминално досие или историја на насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1