Забранет лек против болки поради измама на потрошувачите


Австралиски Федерален суд забрани употреба на британски лек против болки, поради „измама на потрошувачите“.

Станува збор за палета од четири лекови „Нурофен“, секој од нив за посебен вид болка (мигрена, главоболка, менструални билки и болки во грбот), за кои е утврдено дека не содржат ништо специфично за секоја од овие болки, бидејќи сите тие биле идентични. Разликата била само во цената на сите овие лекови.nurofen-lek-640x359

Основниот „Нурофен“ во Австралија се продава по речиси двојно пониска цена од онаа за секој од четирите лекови, кои требало да делуваат против секоја од наведените болки.

Според судската пресуда, лекот на кој е наведено дека е наменет за мигренозни болки, не е специјален против мигрена, затоа шт ја има истата содржина од супстанцата „ибупрофен-кизин„ колку што ја има и лекот за глабоболка, а и другите два „специјализирани“ лекови.

На почетокот од годинава, австралиската Комисија за контрола на квалитетот поднесе тужба против британската компанија „Рекит Бенкисер“, откако беше откриено дека иако четири видови „Нурофен“ се продаваат за различен вид болка, сите имаат по 342 милиграми од основната супстанца од која е направен лекот.

Британската компанија најави жалба, но Судот нареди сите нејзини производи од оваа палета лекови да се повлечат од аптеките и другите продавници.

„Рекит Бенкисер“ соопшти дека судската одлука се однесува само за Австралија и таа не ги погодува и другите пазари, вклучувајќи го и пазарот во Велика Британија.

Оваа компанија на пазарот нуди повеќе производи, меѓу кои и препаратите „Детол“ и „Харпик“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1