Советот на регулаторното тело за електронски медиуми во Србија во петокот им наложило на медиумите во рок од 24 часа да престанат со емитувањето на предизборниот спот на актуелниот премиер и претседателски кандидат Александар Вучиќ, во кој се скандира „Вучиќу, педеру“, пренесуваат српските медиуми.
Спотот е забранет поради тоа што го крши законот за огласување со кој се прецизира дека „огласната порака не смее да содржи изјави или визуелно претставување кое може да се смета како навредливо“.
Според регуларното тело, спотот на претседателскиот кандидат е забранет без оглед на тоа што во случајов конкретното скандирање е целосно индивидуализирано