Забранета е рекламата на Несквик со чоколадниот зајак – ПОРАДИ ИЗМАМА


Властите во Велика Британија одлучија – какао пијалокот на Nestle од брендот Nesquik не е “најдобар почеток на денот” за децата. Токму со овој опис од компанијата го рекламира производот во синџирот хипермаркети Asda на Островот, која е во сопственост на Walmart, пишува CNN Money.neskvik

Од Органот за стандардите во рекламирањето во Англија заклучија дека рекламирањето на производот е “неодговорно”, бидејќи има премногу висока содржина на шеќер. Од регулаторот посочуваат уште дека така се “охрабруваат штетните навики во исхраната кај децата”.

Во одговор на обвинението од Nestle изјавија дека пораката била насочена кон возрасните луѓе кои купуваат за своето семејство, а не кон адолесцентите.

Од компанијата признале дека во три лажици Несквик во 200 милилитри млеко содржи 2о,2 грама шеќер, додека 9,6 грама потекнуваат од полубрановото млеко кое се користи во производот на тој артикал.

Погледнете ја спорната реклама, но на руски јазик (англиската верзија е тргната од видео каналот)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1