Дваесет лица од ресенските села Крани и Арвати побарале лекарска помош со симптоми на ентероколит (воспаление на дебелото и на тенките црева), по што екипи од Центарот за јавно здравје-Битола, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна извршиле надзор на водата за пиење во тие села.
Kако што информираат од Министерството за здравство, констатирани биле неправилности и водата за пиење е забранета.
Лицата се дијагностицирани во периодот од 3-ти до 7-ми декември со лесна клиничка слика и не се хоспитализирани.