Забранети летовите преку Белград: Хрватска не и дава лиценца на Ер Србија


Хрватските воздухопловни власти се обидуваат да спречат патници од Загреб преку аеродромот во Белград и Ер Србија да летаат кон други дестинации.

Како што пишува Јутарњи лист, Ер Србија своите услуги почнала да ги најавува пред да добие дозвола за своите активности од Хрватските воздухопловни власти.

air srbija

-Српската компанија до Хрватската агенција за цивилно воздухопловство поднела барање за извршување на летово помеѓу Загреб и Белград. И тоа е се. Нема барање за продажба на карти, пишува весникот и наведува дека во

Агенцијата за Јутарњи потврдиле дека решавањето на ова барање на Ер Србија е во тек.

Весникот се повикува на неофицијални информации од Министерството за сообраќај, дека Ер Србија ќе може да лета помеѓу Загреб и други градови во Србија, но на патниците од Загреб нема да можат да им продаваат билети за летови преку Србија до други светски дестинации, ниту патници од Загреб во Белград нема да смеат да влезат во трансфер зоната и да го чекаат својот следен лет.

Весникот наведува дека Србија не ги исполнила одредбите на Договорот за воспоставување на европски заеднички воздушен простор кој е потпишан со ЕУ како придружна страна.

Авиокомпанијата Ер Србија неодамна најави воведување на летови помеѓу Белград и Загреб, два пати неделно кои би требало да започнат во декември оваа година.

Покрај овие летови, Ер Србија на патниците од Загреб им нуди продолжување кон други 13 светски дестинации кои се во мрежата на компанијата, меѓу кои Атина, Абу Даби, Истанбул, Солун, Тел Авив, Москва, Скопје, Тирана, Софија, Букурешт…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1