На фотографијата е 17 годишната Џорџија Вилијамс со својот „пријател“ Џејми Рејнолдс, само неколку часа пред тој да ја задави и да ја фрли во шума. Откако ја задавил, 23 годишниот убиец го фотографирал мртвото тело на тинејџерката.

Рејнолдс неколку пати претходно се обидел да и се доближи, но таа јасно му ставила до знаење дека не сака да биде во врска со него.
– Никогаш нема да разбереме зошто ова се случи. Признанието на убиецот не ни помага, не разбираме, болката е огромна, иста како кога девојчето ни беше одземено во мај – вели нејзиниот татко, детективот Стив Вилијамс.
Рејнолдс го фотографирал мртвото тело на девојката пред да ја фрли во шумата. Од психијатриските извештаи за неговата состојба ќе зависи и казната, по признанието дека ја убил девојката. Тој се соочува со доживотен затвор.










