Задолжително одете во црква или на гробишта и запалете свеќа – утре е големата зимска задушница


Верниците утре ја слават големата зимска задушница.zadusnica

Тој ден се одбележува сеќавањето на сите починати. Се oди на гробишта или во црква и задолжително се пали свеќа.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква.

На гробишта и во црква се носи пченица која потсетува на христовите зборови дека зрното дури кога ќе умре носи род, и тоа не во мрак, туку во светлината на сонцето.

Црното вино, со кое свештеникот го прелева житото, го означува Божјото милосрдие со кое заздравуваат раните од гревот.

Свеќата е симбол на светлината Христова, која треба да не потсети на светлина со која Христос ги осветлува душите на починатите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1