Премиерот Зоран Заев во гостувањето на ТВ24 истакна дека во моментот кога Груевски избегал бил слободен човек.
„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна“, рече Заев.