Заев: 6 милиони денари помош за Хрватска


Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.

Тој упати силна поддрша до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.

„Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1