Заев: Бошкоски и Шаќири беа на различна страна од нишаните, сега работат за својата Македонија


Љубе Бошкоски и Џезаир Шаќири познат како командант Хоџа беа на различна страна на нишаните, а сега работат за својата Република Македонија, рече премиерот Зоран Заев, во врска со ангажирањето на овие лица за негови советници за безбедност.

„Видов неколку коментари коишто излегоа веројатно и ПР службите дадоа таков одговор, Бошковски и Шаќири беа од различна страна на нишаните, сега работат за својата Република Македонија. Ако вака гледаме на работите, сите можеме да бидеме малку порастоварени и да знаеме дека шанса заслужува секој во Македонија. Некој ќе каже, добро, има многу луѓе што чекаат шанса, јас верувам дека секој ќе ја дочека својата шанса. Само при вакви околности луѓето ќе продолжат да бидат мотивирани да останат овде, да работат, да гледаат семејства овде, да чекаат внуци овде, тоа е конечната цел, да направиме пријатно општество во коешто ќе биде вредно да се живее“, рече Заев.

На новинарско прашање дали командант Хоџа би можел да добива и безбедносни информации, Заев одговори негативно.

„Нема, советниците не добиваат сертификати за класифицирани информации или безбедносни информации, секако дека не. Генерално се работи за лице како што реков, во коешто верувам дека треба да се даде инклузивен момент, да му се даде шанса на секој во оваа наша Македонија. Јас верувам во едно општество за сите. Ова лице има информации, во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот терен со северната граница на Македонија, со северниот појас на Македонија и јас верувам дека може да помогне“, рече Заев и напомена дека се работи за ангажман од една година.

Тие ангажмани, рече тој, ќе покажат дали некој ќе даде резултати или не. „Секако доколку не даде резултат, јас останувам да дадам помош или било што и на други места да работат“, рече Заев.

извор: Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1