Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на фејсбук премиерот и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски.
-Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.
СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша Заев на Фејсбук.