Премиерот Зоран Заев вчера го праша лидерот на опозицијата Христијан Мицковски што му смета во името Илинденска Македонија.
– Што ви смета во ова име, не е само да акжете дека ви смета, вели Заев.
Според него, Македонија треба да се обиде и решението е достоинствено.
– Конструктивни сме и сакаме чесно и достоинствено решение, и да помине во Грција. По 25 години немаме подобра шанса, вели тој.
Заев изјави дека Владата е транспарентна во преговорите, а предлогот Илинденска Македонија го унапредува идентитетот на граѓаните.
“Транспарентни сме, гледаме само да не го нарушиме процесот. Решението Република Илинденска Македонија го гарантира идентитетот и достоинството. Република Илинденска Македонија не само што го сочувува, туку го унапредува. Не слушнав сериозни аргументи против тоа име. Идентитетот, јазикот останува. Не е лесно ова прашање и на Македонија и треба лидерство за да чекори напред”, изјави Заев.
Мицкоски реплицираше дека Заев претходно изјавил дека решението нема да го бара во уставните промени.
“ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав, нема мандат ни ВМРО ни СДСМ тоа да го направат. Заев кажуваше дека нема да преговара за Уставот на РМ. Заев за германски Шпигел изјави дека нема да го бара решението во промена на уставот. Вие Зоран сте го урнисале целиот процес на преговори. Не се водат преговори егзибиционистички”; изјави Мицкоски
„Ние имаме егзибиционистички процес. Не оди на арно работава. Ќе го потсетам Заев дека кажа оти не треба решението да се бара во промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав и уставно име. Заев јавно говореше дека нема да бара решение во промена на Уставот. Не Заев сте го спасиле достоинството. Народот за една држава е најголем капитал, а вие го потценивте народот. На тој народ му требаат чесни политичари. Вие мислевте, но немавте решение и го урнисавте тоа што 25 години се градеше”, рече Мицкоски.