Заев: Доколку СДСМ победи на изборите јас ќе бидам премиер


Премиерот Зоран Заев на гостувањето во Утрински брифинг изјави дека утринава веќе ја потпишал својата оставка и очекува дека набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата за избор на преодната Влада

Заев рече и дека тој ќе биде повторно премиер доколку СДСМ победи на изборите.

– Јас ќе бидам иден премиер ако СДСМ победи на изборите. Барам чист мандат за да можеме да ги интензивираме реформите, рече премиерот Заев за Утрински брифинг.

Тој нагласи и дека соработката со ДУИ за изборите е добро, иако не е целосно задоволен.

– Соработка со ДУИ е добра иако не сум сосема задоволен. СДСМ со стратегијата едно општество за сите, отвори поширока платформа за коалицирање со сите партии во албанскиот блок. Кандидирањето за пратеници ќе се интензивира во текот на февруари, изјави Заев за УБ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1