Осуда на вчерашниот инцидент на Водно кога работник кој работел на изградба на гасоводот им се заканил на активистите дека ќе бидат прегазени додека протестираа за заштита на парк шумата, денеска изрече и премиерот Зоран Заев.
-Сакам да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите, на претставници на изведувачите. Апсолутно ваков настан е за осуда, преку закани дека некој ќе нападне човечки живот. Ветивме дијалог за ова, се одржаа десетици состаноци, се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено за проект од ограмна еколошка и економска вредност. Секоја цевка заштедува илјадници дрва. Се надевам сите заедно будно ќе продолжиме да го следиме проектот гасификација, затоа што било која друга алтернатива може да направи поголеми штети. Доколку гасоводот поминува реку Скопска Црна Гора, проектот ќе направи дупло поголема штета во исечените дрвја – рече Заев.
Тој рече дека проектот ќе продолжи да се реализира, но при тоа ќе бидат консултурани активистите на невладиниот сектор.
-Немаме намера ништо да иснасилиме. Изградбата ќе застане таму каде што имаат замерка, таму каде што нема ќе продолжи. Не случајно граѓаните реагираат, има причина за тоа, а институциите се должни да слушаат внимателно и да изнајдат решение – рече Заев.