Заев им подели мандатни писма на министрите и им кажа што очекува од нив


Секој министер доби посебни работни задачи за следните 4 години. Премиерот Заев втората владина седница ја отвори со врачување на мандатни писма на министерите од неговиот нов кабинет. Од нив побара посветена работа и исполнување на агендатата ветена пред граѓаните, потсетувајќи ги дека сите се менливи.

„Сакам да ја искористам приликата, свечено, но и обврзувачки да ви ги доделам мандатните писма, во кои номинирајќи ве како министри очекувам од вас одговорно и посветено извршување на должностите и очекувам резултати, за чие остварување постојано ќе се проверуваме, и ние, а ќе не проверуваат и граѓаните. Да не заборавиме дека сме менливи и таа менливост да ни биде мисла водилка да им служиме подобро, поефикансо на граѓаните. Вложете максимани напори до крајот на нашиот мандат во 2024 година, како резултат на позитивните промени кои ќе ги направиме, Северна Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување“ порача Заев.

Покрај од своите министри, Заев најави дека и тој лично ќе ја унапреди комуникацијата со граѓаните во следните 4 години.

„Јас како претседател на Владата ќе ја унапредам структурата на мојот кабинет, со цел да бидам уште поотворен премиер и да обезбедам постојана двонасочна комуникација со сите граѓани и заедници на кои им е потребна помош од мене лично и моите служби. Но, и за да можам да ги примам и разберам сите идеи и иницијативи од оние на кои им служиме, според нивните потреби Ве задолжувам и вас на редовна и отворена комуникација со сите граѓани“ порача Заев.

Денешниот работен ден премиерот Заев го стартуваше со средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјава. Пред нив вети 4 годишен мандат целосно посветен на евроатлантските интеграциии и темелни реформи.

Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3, потенцирал Заев пред ЕУ амбасадорите.

Во име на Унијата евроамбасадорот Жбогар на средбата ги пренел очекувањата за брзи и ефикасни реформи, но и подготвеноста на земјите членки да и помогнат на Македонија полесно да ги надмине последиците од корона кризата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1