Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред судот рече дека со протестите што се организираат пред домовите на пратеницте се вршат неколку кривични дела и тој лично ќе ги заштити нивните деца, врз кои демонстрантите сеат страв и терор.
„Протестите се уставно право, дозволиво е протесирање на граѓаните и тоа е нешто што треба да се ползува. Сепак, она што се прави пред домовите и пред дечињата на пратениците, пред членовите на нивните семејста и родители е апсолутно недозволиво, зашто е кршење на приватноста на домот, се упатуваат директни закани, омаловаживање и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Јас лично ќе ги заштитам дечињата на пратениците“, рече Заев и посочи дека Министерството за внатрешни работи презема дејствија.