Заев ќе се сретне со Меркел во Германија – германската канцеларка нема да посредува во спорот за името


Премиерот Зоран Заев на 21 патува во Германија на средба со канцеларката Меркел, информираше владината прес служба преку државната новинска агенција. По шпекулациите дека Меркел може да се вклучи во процесот на преговори за имто, тимот за односи со јавност на Заев ја демантирташе веста.

– Преговорите за името се водат под медијаторство на посредникот на ОН Метју Нимиц. Нема никаква интенција за вмешување во овој процес на германската канцеларка Ангела Меркел.

Високи владини претставници вчера информираа дека во случај преговорите да заглават можно е вклучување на високо позициониран дипломат од САД или ЕУ кој би помогнал да се надминат разликите меѓу Скопје и Атина.

Една недела пред средбата на Заев со Меркел, процесот се очекува да вклезе во финална фаза со новата средба која двајцата министри за надворешни работи ќе ја имаат со Нимиц, најверојатно во Брисел. Димитров и Коѕијас разговорите ги продолжуваат веднаш по тоа во Софија.

Потпретседателот на европскиот парламент кој доаѓа од редовите на СИРИЗА, владеачката партија на Ципрас порачува дека преку решение за проблемот Грција ќе ја зацврсти својата позиција на Балканот. Димитрис Пападимулис во статијата за француски Медиапарат оценува дека е создаден историски прозорец на можности и позитивни услови за решение.

– Позитивното решение за спорот за името ќе му стави крај на повторното оживување на албанскиот национализам, ќе го заштити територијалниот интегритет на ФИРОМ и ќе ја претвори Грција во столб на мирот и стабилноста што може ефикасно да се справува со сите главни прашања, пишува Пападимулис.

Преку ова претставникот на СИРИЗА во ЕП очекува Грција да издејствува и процес за градење мерки на доверба и со соседна Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1