ЗАЕВ: Кредитите ќе мируваат, а извршителите 3 месеци нема да извршуваат присилни наплати


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, најави дека поради коронавирусот ќе се стопира плаќањето на ратите за кредити за три месеци и оваа мерка ќе се однесува и на фирмите и на граѓаните погодени од коранавирусот.

„Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април, а имаат уште 12 рати кои им завршуват во април 2021 година, сега со тој мораториум кој ќе значи да плаќаат од јули, 12-та рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие 3 месеци и 10 дена ќе се случи и стопирање на сите извршители, ќе има уредба со законска сила. Сега Владата е во вонредна состојба ќе има брзи и ефикасни модалитети“,
истакна Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1