Заев лидер на СДСМ, Шекеринска заменик претседател


Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, и актуелен градоначалник на Струмица, ќе се кандидира на претстојниот партиски конгрес на кој треба да се избере нов лидер. Заев доколку победи, најавува и измени на статутот на партијата, така што за прв пат СДСМ ќе добие и заменик претседател, функција која ако победи Заев ќе ѝ припадне на Радмила Шеќеринска.

sekerinska zaev– Ќе поднесам своја самокандидатура, а очекувам поддршка од повеќе општински организации на партијата и се надевам дека со мојата програма и кадровска понуда ќе го свртиме вниманието на мнозинството социјалдемократи. Целосна почит кон моите партиски другари Зоран Јовановски и Игор Ивановски за кои верувам дека можат да бидат добри претседатели на партијата.

Ќе направам напор, а верувам и тие, да постигнеме заедништво, секако доколку тоа е можно. Кој и да победи знам дека еден на друг си требаме. Настапувам заедно како кандидат за претседател, со Радмила Шеќеринска која ќе биде заменик претседател, доколку бидам избран за лидер на партијата – изјави Зоран Заев потпретседател на СДСМ, за Плусинфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1