Заев-Меркел: Успешната приказна на Македонија треба да продолжи


Големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива. Граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото.Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој на Самитот на ЕУ за Западен Балкан оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Премиерот Заев на средбата ја истакна исклучителната соработка и искрената поддршка што Македонија ја добива од Сојузна Република Германија во сите политички процеси.

– Република Македонија со активности на прогресивните политички сили во земјата направи квантен скок и од „заробена држава“ се врати на патот на демократските процеси за реформи во земјата и за интензивирање на евро-атлантската агенда, се вели во соопштението.

Премиерот Заев истакна дека е убеден оти СР Германија ќе ја посвети својата поддршка за датум за преговори на претстојниот Самит на Европскиот Совет во јуни. Заев, како што се наведува, се надева на поддршката на канцеларката Меркел во разговорите со останатите премиери на земјите членки на ЕУ.

На средбата Заев ја издвои како особено значајна за регионот иницијативата Берлински процес, од која произлегуваат голем број проекти за економско и останато поврзување на земјите од Западен Балкан.

– Премиерот Заев и Канцеларката Меркел разговараа и за можните последици доколку регионот и Република Македонија не ги добијат заслужените признанија и доколку се успорат процесите за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ.  Такво сценарио ќе ги закочи реформските процеси, ќе ги охрабри ретроградните политички сили и ќе отвори простор за инволвирање трети страни што може да предизвика нарушување на стабилноста. За да се елиминираат овие можни закани, успешната приказна на Република Македонија треба да продолжи и оваа година со храбри одлуки што треба да дојдат од ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од Влада.

На средбата била реаифирмирана досегашната исклучително плодна соработка меѓу Република Македонија и СР Германија, која во изминатата година се потврди со вкупната трговска размена во висина од 3,6 милијарди евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1