Заев: Му нудев влез на Мицкоски во Владата но не како што измислува


Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за битолската ТВ ТЕРА рече дека на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски му понудил учество во техничка влада со цел заеднички да се поддржи Преспанскиот договор, но не на тој начин како што тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објави.

– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам со ВМРО-ДПМНЕ, но тој одби. Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1