Заев: На 5-ти јуни избори не може да има!


Претседателот на СДСМ Зоран Заев тврди дека моментно нема преговори за политичката криза, туку билатерални разговори, но оти е апсолвирано дека не може и ќе нема избори на 5 јуни.

– Во сите овие разговори последните денови, едно прашање е апсолвирано: На 5-ти јуни избори не може да има! И нема да има избори, рече Заев.zoran-zaev1-540x360

Можно е, наведе Заев, утре ВМРО-ДПМНЕ да поднесе листи, но избори на 5-ти јуни нема да има, заради, како што рече, граѓаните и обезбедување услови за фер шанса за вредност на гласот. Според Заев, Парламентот може да се свика во секој момент, а тоа, како што рече, може да се направи ако најмалку пет члена на ДИК поднесат писмо-иницијатива до претседателот на Собранието Трајко Велјановски и да го информираат дека нема услови за регуларни избори со прочистен Избирачки список. Притоа, посочи, да побараат да се промени Изборниот законик во неколку работи за избори кога ќе се одржат да бидат прво легални, а после легитимни. Воедно, како што додаде, треба да се воедначат изборните единици 6, 3 и 4, и да се промени Изборниот законик за давање можност за јавна објава на целиот избирачки список, а не само секој поединечно да се провери.

– Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори, речеЗаев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1