По новата рунда разговори за името меѓу Македонија и Грција, со посредство на медијаторот Метју Нимиц, во среда во Давос, Швајцарија, ќе се одржи првата директна средба меѓу двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.На средбата ќе се разговара за имињата ставени на маса за решение на спорот, како и текот на работите што треба да ги направат работните групи, предводени од министрите за надворешни работи.
Имињата кои се споменуваат во грчките и во домашните медиуми се Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија, Република Македонија во заграда Скопје, но сите да се читаат на македонски, а напишани на латиница.