Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата.
” Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија”, рече Заев.