Заев најавува кадровско проветрување напролет


Премиерот Зоран Заев во интервју за Призма најавува дека напролет ќе има кадровски промени во институциите, заради забелешките дека отсуствува енергична реакција со која јасно ќе се покаже нулта толеранција за неодговорно и коруптивно однесување.

„Рекапитуларот“ по десет месеци од изборот на Владата, како што вели, може да предизвика и нејзина реконструкција.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото… Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат, вели Заев.

Рекапитуларот ќе се случи по десет месеци од стартот на Владата, напролет, кога, како што вели, на дел од нив ќе им се заблагодари.

– Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари…“, најавува премиерот Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1