Заев не даде изјава по пожарот во Ковид центарот во Тетово – не сака да шпекулира


Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување.

Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции.

Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар беше формиран кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи.

Пожарот избувна околу 21 часот. Интервенирале преку 30 пожарникари со седум возила по што е целосно изгаснат.

Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи, напиша премиерот Зоран Заев на совојот Фејсбук профил

-Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, пишува Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1