На денешната прес конференција Заев најави дека ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги предложи на лидерската средба, но рече дека засега нема оставка.
„Јас сум Зоран Заев може да бидам премиер, пратеник, но секако сум човек. Сите опции беа во мојата глава, почувствував горчина и разочараност, но немам право да се откажам да се борам, ја сакам својата земја и својот народ и сега народот ќе одлучи дали ќе одиме по европскиот пат и ќе има реформи и дали ќе одиме по прав пат. Се друго е крив пат и без разлика на сите мисли кои ми се вртеа околу глава донесов одлука засега да не се повлекувам, а за пржинска влада тоа ќебид како што налага законот“ рече Заев, одговарајчи на новинарско прашање.
Заев не кажа точен датум кога ќе има избори, остави простор на другите лидери на политичките партнери за да се определи датумот.