Заев: Нема да се урива „Скопје 2014“, „мерцедесот“ на Груевски е изгребан од мачки


Немаме намера да ги трошиме парите на граѓаните за уривање на спомениците од „Скопје 2014“, но сакам барем една фасада да „соблечам“, рече премиерот Зоран Заев во денешната дебата со новинарите.

– Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари – рече Заев.

На прашањето, која ќе биде судбината на скапиот „мерцедес“, Заев рече дека нема намера тој да се вози во него, ниту пак, кој и да е министер.

– Набавната цена на „мерецедесот“ е 580.00 евра, ако го продадеме, нема да му земеме повеќе од 440.000 евра. Најверојатно ќе го користиме само за високи, меѓународни делегации. Тој е оставен во гаража, уништен, изгребан од мачки. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓаоваа прескапо возило – рече премиерот.

На прашањето, што ќе испорача новата Влада во првите сто дена, Заев рече дека ќе испорачаат слобода и олеснување на семејниот буџет.

– Станува збор за 30 закони, некои со инпакт веднаш, а дел ќе се реализираат со пари од новиот буџет – истакна тој.

Заев речедека ќе ги продолжи сте добри капитални инвестиции од старата влада, истакнувајќи дека секако ќе продолжи изградбата на двата големи автопати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1