Нема веќе расипничко трошење по луксузни скопски кафеани на државна сметка, нема повеќе граѓаните да плаќаат за министри и службеници за шопинзи по белиот свет, а луѓето од Делчево едвај до Скопје да стигнуваат по лоши патшта, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вчерашниот митингот во Делчево. Тој истакна дека за еден месец државата заштедила 45 милиони евра и ги насочила кон граѓаните.
Заев рече оти со организација на водоводните претпријатија, се насочуваат повеќе пари кон граѓаните, а фокусот е ставен на стимулирање на инвестициите за домашните и странските претпријатија.
Тој додаде дека на овие избори Македонија одлучува за својата иднина.
– Дали продолжуваме напред во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или се враќаме назад како излолирана земја. Делчево има шанса да шутира пенал и заедно да ги заокружиме промените и да го донесеме животот, истакна Заев.
Претходно вечерва коалицијата „За живот во Македонија“ одржа митинг и во Берово и во Пехчево. Заев пред беровчани порача дека граѓаните отсега ќе кажуваат што ќе се гради и тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт.