Заев: Немаше договор за Чавков и Спасов, тоа е еднострана одлука на власта


-Рековме дека избори нема да има, рековме дека има можности за седница на Собранието. За да го смират гневот на членовите донесоа уште одлука без согласност на опозицијата. Таквата одлука на власта е нивна, без наше учество и тоа јавноста мора да го знае, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција.zoran-zaev1-540x360

Според него аболицијата мора целосно да се укине за да има правичност и правда во Македонија. Сите поинакви обиди за некаква делумна аболиција за СДСМ не се прифатливи.

-Кога се работи за Груевски се е можно и нема да не зачуди ако се врати на премиерската функција. За нас исправно е само брзи, регуларни и фер избори, но со Груевски не се можни никакви реформи. Граѓаните се заложници на криминалната група на Груевски. Ова ќе заврши набрзо но само на регуларни избори.

Заев не прецизираше кога би биле изборите затоа што нема никакви услови сега. Тој повика дека избори се можни само со чист список во кој граѓаните ќе веруваат и со реформи во медиумите. За СДСМ Договорот од Пржино е погребан затоа што извршен е упад во Владата чија мисија беше да спроведе избори. Сега со едностраната одлука власта ја укина таквата влада и си донесе свои кадри.

На крајот Заев потенцираше дека и неговата аболиција од 2008-та за „Глобал“ ќе побара да биде повлечена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1