И Заев и Мицкоски најавија преговори за нова Влада


Очекувам за 10 до 15 дена да формираме Влада со цврсто мнозинство, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите по конституирањето на Парламентот.

Сега и официјално почнуваат сериозните разговори за формирање на Влада, вели Заев, а принципите зад кои ќе стои СДСМ ќе бидат ставени на економијата, сузбивање на криминалот и евроинтеграцијата. Веднаш по Заев, изјава во Кристалната сала во Собранието даде и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потенцираше дека ова биле најкорумпираните избори во последните 30 години и го обвини СДСМ за изборен поткуп од милијарда евра. Дополни дека нивниот фокус во преговорите со останатите партии ќе биде справување со предизвиците како корона кризата и како што рече, вистинска борба против организираниот криминал.

Претходно, Собранието ги потврди мандатите на новите пратеници. По еден час разгледување на извештајот од Државата изборна комисија, новоформираната Верификациона комисија утврди дека нема никаква основа за оспорување на мандатите и му предложи на новиот собраниски состав да ги потврди. Тоа и се случи, откако пратениците со 116 гласа “за” и ниеден “против” и ниеден “воздржан”.

И Заев и Мицкоски се надеваат дека ќе обезбедат мнозинство за да ја формираат идната Влада. По жестоката реторика во предизборниот период и јавната демонстрација на несогласување со ДУИ, Заев денеска смирува. Почнуваме преговори, резултатите ќе ги имаме за 10 до 15 дена

Заев вели дека претходната Влада покажала дека има капацитет да решава крупни прашања. Пред себе постави цел за темелни реформи во судството, закрепнување на економијата и реформи во јавната администрација.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави одлучна борба со криминалот и корупцијата, економска преродба на земјата и упати критики за лошото менаџирање на корона кризата и како што рече поткупот кој власта го спроведувала на изборите . И Мицкоски како и Заев се надева на поддршка на пратеници и партии од противничката коалиција

И Заев и Мицкоски не беа расположени за многу детали околу преговарачкиот процес. Согласно Уставот Пендаровски е должен во рок од 10 дена мандатот да му го довери на оној кандидат кој ќе обезбеди апсолутно мнозинство во Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1