Заев од ОН: Сега е време да се надмине проблемот за нашето уставно име


Премиерот Зоран Заев вечерва во 21.30 часот се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации од каде што истакна дека владата што тој ја предводи е посветена на демократијата, човековите права и владеењето на правото. На почетокот, на македонски јазик, повика на обединетост и заедничко решавање на проблемите.

– Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија. Идната година мојата земја Македонија ќе одбележи 25 години од членството во Обединети нации. Многу е важно како во иднина ќе и се обраќате на нашата земја. Моментно двете земји Грција и Македонија, градат мерки за нова доверба. Имаме нова енергија да ги решиме проблемите. Сега е време да ги затвориме овие прашања. Високо го цениме придонесот на н. е. Метју Нимиц. Сметам дека постои можност Грција да го надмине проблемот со нашето уставно име. Да се обидеме на позитивен начин да го надминеме овој проблем – истакна Заев.

Тој рече дека македонската Влада има амбициозен план за реформи и порача дека целта е да се забрза интеграцијата на нашата земја во евроатлантските институции.

– Последните неколку месеци силно промовираме нов пристап кон нашите соседи. Притоа сме целосно свесни и за нашите и за нивните национални интереси. Дозволете ми да го истакнам потпишувањето на добрососедскиот договор со Бугарија, што е од големо значење за двете земји – рече премиерот Заев.

Според него, мора да се понудат механизми за спречување на конфликти.

– Во светот има многу конфликти. Можеме да се справиме со некои од последиците. Само пред неколку недели бевме сведоци на ужасни разорувања во Мексико. Можеме да постигнеме резултати само ако сме обединети. Свесен сум дека постојат различни пристапи кон овие клучни прашања, сепак сакам да ургирам да не се фокусираме на разликите, туку на нашите главни одговорности да работиме заеднички – додаде Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1