Претседателот на општинската изборна комисија Васил Крстев денеска на градоначалникот Зоран Заев му го врачи уверението за избран градоначалник на општина Струмица со што тој и официјално го почна третиот градоначалнички мандат.
Градоначалникот Заев се заблагодари за успешно завршената работа на сите членови на општинската изборна комисија, а присуствуваше и на свечената конститутивна седница на Советот на општина Струмица.
– Им го честитам изборот на членовите на Советот и посакувам искрена и добра поддршка како со досегашниот состав која беше силна причина за големите успеси кои се постигнаа во Струмица. Јас сум убеден дека овој Совет ќе работи во интерес на граѓаните, ќе носи позитивни одлуки кои сами по себе претставуваат гаранција за добра иднина и позитивен развој на градот и сите населени места во општина Струмица, рече градоначалникот Зоран Заев.
Izvor – strumicadenes.mk